Општи услови на понудата “Купи нов
Motorola Moto G77 и реализирај ваучер за Philips PUNT7620”
1. Основни одредби
1.1 Организатор: АИТОНИКС
АД Скопје, ЕДБ:MK4030000394930, ЕМБС:5451680, Адреса: БОРИС ТРАЈКОВСКИ 36/1-2,
СКОПЈЕ, Овластено лице: Јордан Димитровски (понатаму во текстот „Организатор“).
Официјалните услови се
јавно достапни во текот на целиот период на понудата на веб-страницата https://motorola.mk/.
1.2 Понудата претставува
иницијатива на Организаторот, која се спроведува со одобрување и во соработка
со Motorola Mobility/Lenovo.
1.3 Понудата не претставува
хазардна дејност во смисла на Законот за игрите на среќа.
1.4 Понудата се спроведува
во период од 07.05.2026 г. – 07.08.2026
година. Во наведениот период, од продажната мрежа на Македонски Телеком АД,
може да биде купен смартфон Motorola Moto G77 според условите во т.2. На сајтот https://motorola.mk/
ќе може да се врши регистрација на купен смартфон уред Motorola Moto G77 преку
пополнување на потребните полиња со рок најкасно до 11.08.2026 година.
2. Опис на понудата
2.1 Понудата е наменета
за физички лица кои имаат наполнето 18 години и правни лица, со адреса на
територијата на Република Македонија.
2.2 Учеството е поврзано
со купување на смартфон уред со модел Motorola Moto G77 од официјален трговец (наведен
во т.2.3) во периодот (наведен во т 1.4) и валидна регистрација (согласно т.
3). Со купувањето на било кој друг смартфон уред Motorola не е возможно да се
учествува во понудата.
2.3 Дозволена е
регистрација само на купувања направени на територијата на Република Македонија
од продажната мрежа на Македонски Телеком АД (понатаму во текстот “Трговец“) – во нивните продажни салони, онлајн продавници, преку мобилни апликации
или било кои нивни останати продажни канали. Купувања извршени во продажни
мрежи на други трговци не можат да учествуваат во понудата.
2.4 Со купувањето на смартфон Motorola Moto G77 (во боја "Shaded spruce" (сино-зелена) или
во боја "Black olive" (маслинесто црно)) од Македонски Телеком АД по цена од 42.990 ден, во периодот на понудата,
корисникот добива смартфон уред со вклучен во пакувањето ваучер. Ваучерот му
дава можност да се регистрира на сајтот https://motorola.mk/ и да побара да му биде испратен дополнителен уред Philips, модел PUNT7620,
со големина на екранот од 55“.
2.5 Со купувањето на
смартфон Motorola Moto G77 (во боја "Shaded spruce" (сино-зелена) или
во боја "Black olive" (маслинесто црно)) од Македонски Телеком
АД по цена 36.490 ден, во периодот на понудата,
корисникот добива смартфон уред со вклучен во пакувањето ваучер. Ваучерот му
дава можност да се регистрира на сајтот https://motorola.mk/ и да побара да му биде испратен дополнителен уред Philips, модел PUNT7620,
со големина на екранот од 43“.
2.6 Дополнителниот уред Philips,
модел PUNT7620 (со големина на екранот од 55“ и со големина на екранот од 43“) претставува
Google смарт дисплеј без вграден тјунер, наменет за користење со надворешни
уреди и интернет апликации. Овозможува 4K HDR слика и пристап до популарни
стриминг сервиси преку Google TV.
3. Механизам за
учество
За учество во понудата,
секое физичко/правно лице потребно е да:
3.1 Има купено смартфон уред Motorola Moto G77 според
Условите за учество
3.2 Го регистрира своето купување на сајтот https://motorola.mk/ преку пополнување на формата за учество, обезбедувајќи ги следните
податоци: не е ист фонт
- Име и презиме (за физичко лице), Назив
(за правно лице)
- Е-пошта (email адреса)
- Телефонски број
- Адреса за достава
- Град
- Поштенски код
- Датум на извршување на купувањето
- IMEI број на смартфон уредот
- Број на фискална сметка, фактура или
број на договор
- Број на ваучерот, кој корисникот го
има добиено при купување на смартфон уредот
- Да прикачи фотографија од фискална
сметка, фактура или прва страна на договор.
3.3 Лицата кои
учествуваат во понудата одговараат за точноста на податоците што ги
доставуваат. При доставување на неточни или погрешни податоци, или при обид за
прикажување на лажни документи за купување, лажен IMEI број или број на ваучер,
учесникот нема право да учествува
4 Дополнителни одредби
4.1 Едно купување (еден
документ за купување) = едно учество. Еден IMEI број може да биде регистриран
само еднаш. Еден ваучер со неговиот уникатен број може да биде регистриран само
еднаш.
4.2 Регистрации со
нечитливи/манипулирани документи, како и купувања кои се вратени/сторнирани, се
невалидни.
4.3 Организаторот има право без претходно известување да го исклучи од учество
секое лице кое ги прекршило или не ги исполнува условите за учество во понудата.
4.4 Организаторот не
сноси одговорност за погрешно внесени контакт податоци или погрешно внесена
адреса за достава.
5. Испорака на
дополнителниот уред
Дополнителниот уред Philips
ќе биде испратен преку курирска служба на трошок на Организаторот, на адресата
наведена од учесникот, во рок до 15 работни дена по извршена верификација на
регистрацијата на учесникот (проверка на валидноста на купувањето и доставените
податоци за уредот и ваучерот).
6. Лични податоци
Организаторот собира и
обработува лични податоци (име и презиме, телефон, е-пошта, адреса за достава и
др.) за потребите на спроведуваната понуда и доставата на дополнителниот уред.
Податоците се обработуваат согласно Регулатива (ЕУ) 2016/679 и Политиката за
приватност објавена на https://motorola.mk/.
7. Прекин и измени
Организаторот го задржува
правото да ја прекине или измени понудата во случај на:
- настанување на виша сила;
- материјални злоупотреби;
- акти на надлежни судски и/или регулаторни органи.
Сите измени на условите
за учество стапуваат во сила со нивното објавување на https://motorola.mk/.
8. Жалби и контакти
Споровите се решаваат со
взаемна согласност. Во случај на недостиг на согласност, жалбите се поднесуваат
на info@motorola.mk и се разгледуваат во рок до 14 дена. Учесниците можат да се
обратат до надлежните органи при нерешени спорови.
