banner 1

Политика за приватност

Оваа Политика за приватност има за цел да Ве информира на кој начин АИТОНИКС АД ( во понатамошниот текст “Компанијата” или “Контролорот”) ги собира, обработува, чува и заштитува личните податоци на сите субјекти на лични податоци. Политиката ги дефинира правата на субјектите на лични податоци, како и обврските на Компанијата во однос на заштитата на приватноста и истата е целосно усогласена согласно важечката законска регулатива.

1. Информации за компанијата

Контролор на лични податоци

АИТОНИКС АД
ул.Борис Трајковски бр.36/1-2 Скопје
Овластено лице: Јордан Димитровски
Е-пошта: info@motorola.mk

Офицер за заштита на лични податоци

Маја Трајковиќ Пешевска
Тел: +389 72 252 508
Е-: m.trajkovic@aitonix.group

2. Категории на податоци кои ги собираме и обработуваме

Лични податоци се сите информации преку кои може да се идентификува физичко лице. Анонимните податоци не спаѓаат во оваа категорија. Ние ги обработуваме следните категории лични податоци:

  • Име и презиме
  • Е-пошта
  • Телефонски број
  • Адреса за достава, град и поштенски код
  • Датум на извршување на купувањето
  • IMEI број на уредот
  • Број на фискална сметка, фактура или договор
  • Копија (фотографија) од фискална сметка, фактура или договор
  • Број на ваучер

3. Политика за заштита на малолетни лица

Со доставување на Вашите лични податоци, потврдувате дека имате наполнето 18 години. Од наша страна никогаш намерно нема да земаме лични податоци од малолетни лица или да ги преследиме на трета страна без дозвола од родител/старател. Препорачуваме на родителите/старателите да ги научат своите деца на безбедно и одговорно ракување со личните податоци на интернет.

4. Цели на обработката

  • Учество во кампањи
  • Исполнување на законските обврски на АИТОНИКС АД
  • Заштита на легитимни интереси во случај на злоупотреба или спор

5. Правна основа за обработка

  • усогласување со законска обврска
  • легитимен интерес

Согласно член 6 од ЗЗЛП

6. Пристап до податоците

Пристап до Вашите податоци може да имаат:

  • Вработени лица во Компанијата кои имаат посебни овластувања за нивно собирање и обработка
  • Субјекти кои вршат достава (само податоци неопходни за достава)
  • Надлежни државни органи, под услови одредени со закон

7. Период на чување на лични податоци

Личните податоци се чуваат во временски период потребен за исполнување на целите согласно оваа Политика, како и законската регулатива. Вашите лични податоци ќе бидат задржани за време потребно за исполнување на законските обврски, за остварување на легитимниот интерес и почитување на интерните акти на Компанијата. Во случај на постапки пред надлежни државни органи и институции податоците може да се чуваат подолг временски период од предвидениот. По истекот на периодот на чување податоците се бришат.

8. Безбедност на податоците

При обработка на личните податоци се превземаат соодветни техничко-организациски мерки со цел да се обезбеди соодветно ниво на безбедност на личните податоци и тоа заштита од незаконска и неовластена обработка, како и нивно случајно губење, уништување или оштетување.

9. Маркетинг пораки

Со давање на согласност (штиклирање на полето за добивање на маркетинг пораки), Корисникот се согласува доставените од него податоци да бидат употребувани и за маркетинг цели кои имаат за цел Корисниците секогаш да бидат добро информирани за производите и услугите на АИТОНИКС АД за кои се заинтересирани. Во согласност со потребните норми, ние секогаш гарантираме дека обработката на податоците за маркетинг цели се одвива во согласност со правата и слободите на корисниците и нема никакви правни последици. Може да го смените своето мислење и да ја повлечете согласноста за добивање на маркетинг пораки во било кое време – за таа цел известете нè користејќи ги дадените информации за контакт.

10. Права на субјектите на податоците

Субјектот на лични податоци има право на информирање, пристап, исправка, бришење, ограничување на обработката, преносливост на податоците и право на исклучување од автоматско донесување на поединечни одлуки и профилирање согласно важечките прописи за заштита на лични податоци.

Овие права се остваруваат со поднесување на барање до Компанијата преку Офицерот за заштита на лични податоци. Рокот за одговор на барањето е еден месец од приемот на барањето. Во случај на сложеност и зголемен број на барања овој рок може да биде продолжен за уште два месеци. За таквото продолжување Компанијата во рок од еден месец од приемот на барањето ги известува субјектите за причините за одложувањето.

11. Пренос на податоци во трети земји

Компанијата не врши пренос на лични податоци во трети земји.

12. Право на поднесување поплака во Агенцијата за заштита на лични податоци

Доколку сметате дека обработката на вашите лични податоци не е согласно одредбите на ЗЗЛП имате право да поднесете поплака до Агенција за заштита на личните податоци, бул. Гоце Делчев бр. 18, 1000, Скопје, Република Северна Македонија.

13. Промени на политиката за приватност

Компанијата го задржува правото да ја измени или дополни содржината на оваа Политика за приватност. Сите измени ќе бидат објавени на https://motorola.mk/ и ќе стапат во сила веднаш по нивното објавување.

14. Како можете да не контактирате?

Во случај на дополнителни појаснувања во врска со оваа Политика за приватност како и прашања во врска со обработката на Вашите лични податоци може да не контактирате испраќајќи порака по пошта или е-пошта до следните детали за контакт:

АИТОНИКС АД
ЕДБ: 4030000394930
Седиште и адреса: ул. Борис Трајковски 36, 1000 Скопје
Електронска пошта: info@aitonix.group; info@motorola.mk;